Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица од Прилеп кај кои е пронајдена дрога и пушка во автомобилот

Download 1.jpg

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп. При преглед во возило „пежо” со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал  Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. 

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Можете да прочитате

Гаши: Ахмети прв го прекрши „Mајскиот договор“, тој никогаш не бил дел од Уставот и Рамковниот договор

На Вибер повторно протекоа прашањата и одговорите од државната матура

ЦУК: Во последното деноноќие 1.993 повици на 112, три пожари на отворено