Пред 4 години беше мирно во Тбилиси, а сега хаос на теренот и низ градовите! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Грузија за првпат во својата историја успеа да избори пласман на Европското првенство. Вечерва Грузијците после пенали ја совладаа Грција, и така успеаја од втората шанса да дојдат до настап на едно големо натпреварување.

За разлика од пред четири години кога во Тбилиси беше празно и мрачно, и немаше навивачи поради пандемијата од коронавирус, сега стадионот „Борис Паичадзе“ беше преполн, а после последниот свиреж „хаос“ на теренот. Навивачите влегоа да го прослават овој најголем успех во историјата на земјата.

Се слави и по улиците на главниот град на Грузија, ова ќе биде долга ноќ за Грузијците.

Се вчитува...