Top Sport

(Видео) Барселона преку Наполи до четвртфинале во ЛШ

Барселона го победи Наполи со 3:1 и по пауза од четири години избори место во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Во „Марадона дербито“, како што го нарекоа медиумите, Барселона сепак заслужено славеше, иако свои шанси, особено во второто полувреме имаше и Наполи. Домаќинот направи голем капитал во раната фаза од натпреварот. Блицкригот од 15. до 17.минута го реши победникот.

Во тој интервал Барселона постигна два гола, стрелци беа Фермин Лопес во 15. минута и Жоао Кансело, практично веќе во следниот напад. Речиси 15 минути му беа потребни на Наполи да за опорави од шокот.

Во 30. минута одлична акција на Политано и Рахмани, а дефанзивецот намали на 2:1. Ди Лоренцо малку подоцна имаше шанса да израмни, но неговиот удар со глава извонредно го одбрани Тер Штеген.

Темпото падна во вториот дел. Наполи се обиде да дојде до вториот гол, а Барса се закануваше само од контранапади. Домаќинот имаше шанса преку Јамал и Рафиња да го затвори натпреварот. Но, во 79. минута Линдстром ја имаше најубавата шанса за израмнување.

Четири минути подцна Барселона успеа да казни. И каков. Филигранска акција, двојно одиграа Серхи Роберто и Гундоан, потоа Шпанецот му асистираше на Роберт Левандовски кој ја спроведе топката во празната мрежа.

Scroll to Top