22.8 C
Скопје
16:04 - 2 мај, 2024

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Хрватската музичка ѕвезда Нина Бадриќ (51) отворено проговори за проблемот со сексуалното насилство и вознемирување и за случајот на режисерот Далибор Матаниќ. Во интервјуто за „Стори“ таа се наврати и на својата кариера и откри дали имала непријатни ситуации.

– Не го познавам лично Матаниќ и како и многу други ја следев целата приказна преку медиумите. Навистина е чудно што со години се зборува гласно, дека сите некако го знаат тоа и што одамна не бил експониран како личност која ги малтретира своите колешки. Колку што можам да видам во коментарите, доби и ‘симпатизери’ по неговата покајничка изјава, која ја сметам за луда. Никој не треба да покажува емпатија кон личност која поради положбата во општеството и моќта што ја има на каков било начин ги малтретира соработниците – изјавила Нина за „Стори“.

Таа си ја отвори душата и проговори за нејзините искуства.

– Таков пат не беше воопшто лесен за минување. Да го задржам моето достоинство и да поминам низ се беше многу тешко. И платив висока цена за мојата независност. Во оваа работа, како жена, никој не ми чуваше грб, па морав да бидам свој чувар и коректор. Многу луѓе „чепнаа“ по мене бидејќи знаеја дека нема кој да ме брани. Сепак, добриот Бог ме чуваше на мојот пат, тоа можам да го кажам со сигурност бидејќи некои крајно опасни ситуации во кои се наоѓав секогаш се свртеа на подобро. Запознав различни луѓе на мојот пат. И добри и лоши. Доживеав многу уцени, неправди и заплашувања од моќни мажи. Во животот, за жал, запознав и психопати во вистинска смисла на зборот кои се обидоа да ме малтретираат психички или емоционално. За жал, мажите во тој момент ја демонстрираа својата сила – рече таа.

Додаде дека на почетокот на кариерата наидувала на многу непријатни мажи за време на настапите.

– За жал, ги имаше многу, особено во 90-тите. Но, тогаш и свеста беше поинаква, луѓето не зборуваа толку отворено и јавно за вознемирување – признала таа.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....