МЗТ гостува кај Игокеа во деветтото коло од АБА-лигата

Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска АБА-лига, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, вечер гостува во Александровац кај босанскиот претставник Игокеа.

– Противникот е квалитетен, игра одлично сезонава особено на домашен терен, што носи голем предизвик за нашите плаво-бели. Но, избраниците на тренерот Петровиќ ќе истрчаат осоколени по домашниот триумф над Мега МИС и со желба да покажат дека се во добра форма со изненадување кај фаворитот. Сите кошаркари се подготвени да го дадат максимумот со цел првпат сезонава да триумфираат на гости, истакнаа „сино-белите“ на клупскиот сајт.

Средбата ќе почне во 21 часот.

Претходна вестБислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја
Следна вестПриведени двајца крадци, одземеното вратено на сопственикот