Македонија

ЗАПОЧНАА ЛИ ПРИТИСОЦИТЕ? Во Гостивар импровизиран штаб во гаража пред училиштето, во Сарај членови на Албанска партија вршат притисок пред гласачките места! (ФОТО)

ЗАПОЧНАА ЛИ ПРИТИСОЦИТЕ? Во Гостивар импровизиран штаб во гаража пред училиштето, во Сарај членови на Албанска партија вршат притисок пред гласачките места! (ФОТО)

Курир дојде до информации дека во Гостивар пред Основното училиште Гоце Делчев каде што во моментов тече гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори има импровизиран штаб на една од најголемите владејачки Албански партии во кои има нејзини членови.

Станува збор за гаража на која и од фотографиите се гледа дека има луѓе членови на политичка партија (позната на редакцијата на Курир) кои дали евидентираат или вршат притисок на нивните гласачи засега е непознато.

Слична е и ситуацијата во Сарај каде во моментов пред училиштата има припадници на истата оваа партија (позната на редакцијата на Курир) кои вршат притисок за кого да се гласа.

Нашиот извор потврдува дека истиот принцип се применува и во селото Рашче.

Најнови вести од Македонија

To top