СВР Охрид денеска соопшти детали за сообраќајната несреќа што се случи вчера во 13 часот на магистрален пат Охрид – Кичево, во близина на влезот за аеродромот „Св.Апостол Павле“.

Во незгодата учествувале патничко возило „Сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 47-годишен битолчанец, патничко возило „Киа“, управувано од 79-годишен жител на селото Белчишта, општина Дебрца и паркирано патничко возило „Опел“, двете со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Киа“ и неговата сопатничка (79), констатирани во Општата болница Охрид и во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 30.04.2024 година во 17.30 часот на улицата „Александар Гушо“ во Охрид лишен бил од слобода 60-годишен охриѓанец.

Тој претходно, на истата улица, физички ги нападнал 61-годишна жена и нејзиниот сопруг. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димопски.

Г.М.