Култура

Јулијана Мирчевска : Да се одведе секое дете во театар или театарот да се однесе до секое дете

Денеска ширум светот се прославува Светскиот ден на театарот за деца- 20 Март. По тој повод, Националниот центар АСИТЕЖ МАКЕДОНИЈА, преку претседателката, Јулијана Мирчевска- актерка во НТ-Битола, ја упати националната порака до сите големи и мали деца. Во пораката Мирчевска порачува да се одведе секое дете во театар, театарот да се однесе до секое дете, или заеднички да овозможиме капацитети и услови за театар, за сите деца и во градските и во руралните средини, зашто секое дете го заслужува тоа. Пораката на Јулијана Мирчевска ви ја пренесуваме во целост, подолу:

Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно да им овозможиме театар. Членот 13 од Конвенцијата на ОН за заштита на правата на децата, вели:

,,Детето има право на слобода на изразување која ја опфаќа и слободата да бара, да прима и да дава информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, било усно или писмено, преку печатот, уметноста или друг медиум по избор на детето.“ Театарот е слобода на изразувањето, креирањето. Театарот е љубов. Театарот е свет без граници, како детската креативност, детската фантазија и чиста љубов која како никогаш до сега ни е потребна.

Должни сме да им дадеме слобода на изразување и простор каде имагинацијата е реалност, а каде емоцијата не е слабост. Да видат, да слушнат, да почуствуваат сѐ околу себе и во себе. ,, Одведете го детето на театар, или театарот однесете го до секое дете“. На ова би додала: ,, Вклучете го секое дете во создавањето театар“. Гледањето претстави или впуштањето во процесот на создавање театарска претстава ќе им помогне на децата не само да го осознаат светот, туку да се осознаат и себе си.

Детството, најубавиот период од животот кога се формираат идните ,,големи луѓе“ е период во кој треба да ги насочиме децата, да им овозможиме возбудливи доживувања, одговори на многу животни прашања, но и да создадеме индивидуалци со вистински вредности. Секој театарски работник и секој уметник да се посвети повеќе на создавање дела за деца или работа со децата. Театар за секое дете од градските и руралните средини. Децата се нашата иднина, а за да имаме убава иднина треба да се вложиме денес. Театарот е убавина која им ја должиме на децата.

Нека ни е честит 20-ти Март, Светскиот ден на детските театри!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе