Влазерими минимално го доби Напредок, во Зајас паднаа 11 погодоци!

Овој викенд се одиграа натпреварите од 19. коло од Трета лига – Запад.

Дрита и Речица ремизираа играјќи 1:1 и ги поделија бодовите. Адриан Исмаили во 5. минута постигна гол за водство од 1:0, а во вториот дел Хузри Џемаили во 66. минута ги постави конечните 1:1.

Влазерими со минимални 0:1 го доби некогашниот прволигаш Напредок во Кичево со голот на Мргим Дани во 75. минута.

Џепчишти со 4:7 славеше над Зајази во Зајас. Руфати, Хашими, Џемаили и Сејдини беа стрелци за домашниот тим, а за гостинскито тим Саљиу беше стрелец на три гола, Садики беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Љоки и Љума.

Александар Ванев, М-Нет