Контакт

Свет

Паника во Лондон: среде возење извадил нож и избол човек пред патниците

Објавено пред

Продолжува потрагата по напаѓачот што избоде маж во воз пред очите на преплашени патници.

dobivaj vesti na viber

Човекот што бил нападнат добил повреди опасни за животот во нападот во јужен Лондон. Засега нема уапсени, а полицијата ги повикува сведоците да дојдат во станицата.

На тринаесет километри друга станица е затворена и евакуирана поради дојава за напад со нож. На некои од видеата може да се види како осомничениот вчера шетал на улиците во Лондон носејќи маска, вооружен со голем нож, пренесува „Јутарњи лист“.

Од службите за превоз во Лондон подоцна соопштиле дека метро-станицата Кенингтон била затворена поради инцидент со патниците, а приказните за напад со нож кружеле на социјалните мрежи.

Според медиумите, не се пронајдени врски меѓу инцидентите во Кенингтон и Бекенхем.

Европа

(Видео) Нападнат полициски конвој во Франција има загинати: превезувале затвореник кој побегнал со напаѓачите

Објавено пред

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во напад на полициски конвој кој превезувал затвореник во Франција, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Нападот се случил околу 11:00 часот во близина на наплатна рампа во Ере, департман на северот на Франција.

Според француските медиуми, напаѓачите избегале со затвореникот кој бил во конвојот.

Избеганиот затвореник е познат по прекарот „Мува“, а е осуден за кражба и провала.

Нападот, во кој учествувале неколку вооружени мажи, се случил на наплатната рампа на автопатот А154 околу 11 часот, пишуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија: Зазедовме уште еден град во областа Харков

Објавено пред

Руски трупи го зазедоа градот Бухруватка во областа Харков во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесе „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Тврдењето доаѓа неколку часа откако руската новинска агенција „Тасс“ објави дека паднале западните и северните делови на Вовчанск во украинската област Харков.

Во тек е евакуација во Вовчанск

Во тек е евакуација во градот Вовчанск, во североисточниот регион на Харков.

Локалните власти стравуваат дека судбината на Вовчанск може да ја отслика судбината на Бахмут и Авдиивка, украински градови во кои жестоките борби ги принудија Украинците да се повлечат.

Прикажи повеќе...

Европа

Монструмот што 24 години ја силуваше ќерката и со неа доби 7 деца ќе биде префрлен во обичен затвор: Фрицл добил дозвола да излезе од психијатриски притвор

Објавено пред

Австрискиот суд пресуди дека Јозеф Фрицл, кој ја држел својата ќерка во заробеништво 24 години, ја силувал и со неа добил седум деца, може да биде префрлен од психијатриски притвор во обичен затвор.

dobivaj vesti na viber

Државниот суд во градот Кремс во соопштение наведе дека 89-годишниот Јозеф Фрицл може да биде префрлен бидејќи тој повеќе не претставува вид опасност што бара да биде задржан во психијатриски притвор.

Одлуката се заснова на сослушувањето на Фрицл на 30 април, како и на извештаите на форензичарите и психијатриските експерти, пренесува АП. Поради напредната деменција на Фрицл и лошото физичко здравје, психијатрискиот притвор повеќе не е неопходен за неговото „комбинирано растројство на личноста“ бидејќи тој повеќе не е изложен на ризик да изврши сериозни кривични дела, рече судот.

Судот изјави дека Фрицл може да биде префрлен во затвор на 10-годишен пробен период, но дека не може целосно да биде ослободен.

Во јануари обвинителите поднесоа жалба на претходната одлука според која Фрицл може да биде префрлен во редовен затвор, а и двете страни имаат право на жалба на последната одлука на судот.

Неговото злосторство стана познато во 2008 година, а следната година беше осуден на доживотен затвор за инцест, силување, принуда, затворање и робување на ќерка си, како и убиство од небрежност на еден од неговите малолетни синови.

Фрицл стана познат како чудовиштето од Амштетен, градот во северна Австрија, каде што ја заклучил својата тогаш 18-годишна ќерка во звучно изолираниот подрум на својата куќа во 1984 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ2 часа

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ2 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија3 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Свет5 часа

Бајден потпиша закон: забранет увозот на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум или нуклеарно гориво за производство на...

Македонија5 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет5 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет5 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија18 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија20 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ20 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија23 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија24 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 ден

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет1 ден

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет1 ден

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...