Музика на кирилица

Каролина live со својата “Best of” програма на први март

Интересно е што веќе долги години први март е празник во Македонија. Го викаат денот на Каролина… а како што велат нашите пријатели и соработници од Авалон продукција, тие секогаш ги знаат желбите на своите фанови и сите оние кои ги сакаат и почитуваат.

„Поради тоа, после толку време, со обострана желба за заемна дружба, решивме конечно да организираме дружење со Каролина и нејзините фанови токму на ,,Први март” и во форма на двочасовно патување и ,,Best of” пресек на нејзината кариера… во ноќниот клуб Pure – местото кое изминатиов период ги угости Џибони, Бајага, Прљаво Казалиште, помеѓу останатите”, велат од Авалон продукција.

Влезниците, во ограничен број, ќе бидат во продажба од среда (7-ми февруари) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 1.000 денари.

Се гледаме на 1ви март, со оние кои ќе успеат да дојдат до нив…

Можеби ќе ве интересира: