30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизведени повеќе од 93,5 милиони возила во светот во текот на 2023...

Произведени повеќе од 93,5 милиони возила во светот во текот на 2023 година

Во текот на минатата година во светот се произведени 93.546.599 возила (автомобили и лесни комерцијални возила), според податоците на Меѓународната организација на производители на моторни возила (OICA).

Возила се произведуваа во 39 земји, а најголем светски производител е Кина со 30.160.966 примероци. По Кина, на второ место се САД со 10.611.555 возила. Трета е Јапонија со произведени 8.937.444 возила.

Земји каде се произведени повеќе од еден милион возила се Индија (5.851.507), Јужна Кореја (4.243.597), Германија (4.109.571 – само патнички возила, други податоци не се обезбедени), Мексико (4.002.047), Шпанија (2.451.221), Бразил (2.324.832), Тајланд (1.801.634), Канада (1.553.024), Франција (1.505.231), Турција (1.468.393), Чешка (1.404.501), Индонезија (1.395 .757), Словачка (1.080.000 – патнички возила), Британија (1.025.474).

Други земји, производители, кои не се членки на OICA произведоа вкупно 2.006.197 возила.

Само кога станува збор за патнички возила, произведени се 67.133.570 од нив.

Најмногу во Кина (26.123.757), САД (8.886.384), Јапонија (7.765.428), Индија (4.783.628), Германија (4.109.571). Следат Јужна Кореја (3.908.747), Шпанија (1.907.050), Бразил (1.781.612), Чешка (1.397.816), Индонезија 1.180.00), Словачка (1.080.000), Франција (1.026.690).

Една година претходно, во 2022 година, во светот беа произведени 84.830.376 возила. Во 2021 година таа бројка изнесува 80.004.575 возила, во 2020 година се произведени 77.438.570 возила, а во 2019 година се произведени 91.858.165 возила.

Во Европа (сите земји, не само ЕУ) во 2023 година се произведени 18.122.449 возила. Во 2022 година нешто помалку 16.032.840, во 2021 година тој број се зголеми на 16.137.638. Во текот на 2020 година се произведени 16.692.847 возила, а во 2019 година 21.268.772 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП