Тухел: Не е тајна дека сум вљубен во Премиер-лигата

Томас Тухел го води Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на Шампионите како последна шанса за освојување на нов трофеј со баварскиот гигант пред да си замине од „Алијанц Арена“ на крајот од сезонава.

Чави неодамна се премисли по слични најави и реши да остане на чело на Барса и следната сезона, но тоа нема да биде случај и со Тухел.

„За мене таа одлука е конечна и не сакам да се навраќам. Кога ја донесовме, тоа најпрвин беше идеја на управата, да останам до крајот на сезонава, и јас се согласив. Таа тема е завршена и фокусиран сум само на што подобри резултати до крајот на сезонава“, изјави Тухел.

Германецот се наоѓа многу високо на листата со желби на Манчестер Јунајтед, а Тухел не крие дека со задоволство би се вратил назад во Премиер-лигата.

„Не би сакал да одговорам на ова прашање, но … можам само да кажам дека никогаш не криев колку сакав да работам во Челси и колку ми беше убаво во Англија. Јас сум вљубен во Премиер-лигата, која дефинитивно е нешто посебно за мене“, прокоментира Томас Тухел.

Се вчитува...