Атрактивни за гледање и слушање беше познатиот балкански квартет „Destiny Quartet“ синоќа во Филхармонија,  препознатлив по својот разновиден репертоар составен од модерни аранжмани на класични дела, филмски партитури и популарни музички хитови.

Во едночасовното концертно шоу со оригинално сценарио, кореографија и впечатливи визуелни ефекти, предизвикаа овации меѓу публиката во преполната сала и со шармантните обраќања.

Самостојниот концерт на „Destiny Quartet“ беше насловен како „Љубов без граници“, што всушност ја доловува и филозофијата на квартетот. Ова, во пракса го демонстрираат со голем број соработки во регионот, меѓу кои гостувањето на концерт на Влатко Стефановски и разработката на познатата народна песна „Јовано Јованке“ со дуото Александар и Дац.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.