Велешанец изгоре во пожар во сопствената куќа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Педесет и осумгодишен велешанец изгоре синоќа во сопствениот дом на улицата „Коле Цветков“ кај Црна Џамија, потврдија за МИА портпаролот од СВР Велес Ристе Самарџиев.

Од Службата за итна помош, пак, додаваат дека во домот на изгорениот велешанец бил и неговиот брат, која бил затруен со јаглерод моноксид, но бил спасен со нивна брза интервенција.

-Беше спречена поголема трагедија бидејќи неговиот 60-годишен брат беше затруен со јаглероден моноксид, но со  Брзата интервенција на Службата за итна помош тој бил реанимиран и препратен на Интерно одделение при Општа болница Велес, информира за МИА доктор Тања Мишева од службата за Итна Помош.

Од Општата болница во Велес за МИА информираат дека по укажаната помош лицето кое било заитруено со јаглероден моноксид утрово бил пуштен дома. 

Како што појаснуваат од Итната медицинска помош, пак, кај изгорениот во пожарот, 58-годишниот М.Ц, на местото на настанот смрт констатирал дежурниот лекар доктор Жарко Манасков.Од ТППЕ Велес информираат дека тие пријава за пожар добиле во 3:55 часот по што интервенирале со шест пожарникари и две возила и успеале пожарот да го изгаснат утрово околу 5:00 часот.