Поврзи се со нас

Македонија

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Објавено

на

Во Македонија се вози брзо, без дозвола, на црвено и под дејство на алкохол. Овие прекршоци се помеѓу најчестите фактори за незгодите со тешки последици. Анализата на МИА покажува дека возачите често не носат појас, паркираат на недозволено место и користат мобилен телефон додека управуваат со возилото. Ова ја отсликува сообраќајната култура кај нас која надлежните ја оценуваат како ниска.

МИА го анализираше вкупниот број на дел од прекршоците од Законот за безбедност на сообраќајот за изминатите три години. Впечатокот е дека засилените акцииски контроли во собраќајот на Министерството за внатрешни работи ги зголемија и изречените санкции.

Според анализата, за брзо возење, од 2021 до 2023 порастот на прекршоци изнесува 25 проценти, а најголем раст има во делот на возење под дејство на алкохол, каде што од 4 879 во 2021 година, прекршоците се зголемуваат на 9 911 во 2023.

За возење без возачка дозвола, растот на прекршоци изнесува 96 проценти, а раст е забележан и во делот на поминување на црвено, со 438 евидентирани прекршоци во 2021 и 621 во 2023 година.

Тони Ангеловски, помошник министер за односи со јавност и стратешки прашања во МВР, вели дека овие прекршоци се најчести и се главна причина за тешки сообраќајни несреќи.

„Зборуваме за пребрзото возење, возење под дејство на алкохол, недавање на предност, главните причинители за тешките сообраќајни несреќи. Се разбира, поради тоа ги спроведуваме акциските контроли за санкционирање. Паралелно со тоа работиме и во превентивниот дел. Преку медиумите, со предавање во училиштата и собири со граѓаните, каде што ја упатуваме пораката дека мора да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, затоа што, доколку не ги почитуваме, можеме да бидеме причина за тешка сообраќајна несреќа“, вели тој.

Дејан Андоновиќ, портпарол на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, вели дека ова се прекршоци со најголем број на настрадани, за нив нема никаква толеранција и најостро се санкционираат. Тој дополнува дека совеста на возачите се отсликува врз сообраќајната култура.

„Колку сме културни како народ, толку сме културни и во сообраќајот. Изминатите години, заедно со партнерите од МВР и со медиумите, правиме многу кампањи. Изгледаат чести и про-форма, меѓутоа, со апели и потсетување на граѓаните. Бележиме напредок во подигнувањето на јавната свест и сообраќајната култура. Но, за жал, тоа е сѐ уште на ниско ниво, бидејќи секојдневно сме сведоци, може десет луѓе да се со висока свест во сообраќајот, доколку еден помеѓу тие десет се покаже со ниска свест и без сообраќајна култура, ќе ја расипе целата слика и може да доведе до несакани последици“, вели тој.

Прскање на пешаци: Совест и безбедност во сообраќајот

Прскањето на пешаци е позната појава во сообраќајот на нашите патишта, но, не толку позната во казнената евиденција на МВР. Една од причините за тоа е тоа што овој прекршок мора да биде затекнат од полициски службеник, во спротивно, е тежок за докажување.

Според податоците од МВР што ги доби МИА, во изминатите три години биле изречени само 39 санкции за прскање на пешаци.

Андоновиќ смета дека прскањето на пешаци ја покажува совеста на возачот.

„Оној што ќе испрска пешак со возило, што ќе испрска нечија мајка, жена, сестра, дете, другар, татко, дедо, само покажува каков човек е и тоа веќе не е работа ниту на Советот ниту на оние што се занимаваат со сообраќај, туку со некои медицински науки“, вели тој.

Ангеловски дополнува дека и овој прекршок, пред сѐ, е предвиден да влијае на свеста на граѓаните.

„Ставете се во улога на оној пешак кој што е испрскан. Може утре да бидете вие. Затоа, кога врне, пред сѐ и за наша безбедност, затоа што е полизгав коловозот, може да се предизвика сообраќајна незгода, но и да ги заштитиме пешаците кои што се движат по тротоарите, да не бидат испрскани од возилата кои што се движат по улица“, вели Ангеловски.

Раст на непрописно паркирање: сообраќајна иронија и лична свест

Трендот на паркирање на недозволено место, исто така, се зголемува изминатите три години, со раст од 31 проценти, или, вкупно изречени 6 369 санкции.

Андоновиќ и Ангеловски се согласни дека неодговорното паркирање го загрозува сообраќајот.

„Сведоци сме секојдневно, не ни треба статистика. Факт е дека имаме една иронија да видиме автомобил од сто илјади евра како е паркиран на недозволено место и сопственикот кој платил 50-100 илјади евра за возило, да му е скапо да плати 70 денари паркинг. Што само укажува колку е нашата свест и сообраќајна култура“, вели Андоновиќ.

Според Ангеловски, паркирањето на недозволено место може да предизвика други сообраќајни незгоди во кои може да настрадаат и пешаци и велосипедисти.

„Доколку вие непрописно го оставите вашето возило на тротоар, пешаците и велосипедистите се принудени да се симнат на улицата и со тоа да се изложат на опасност од патничките возила и моторите кои што поминуваат по улицата“, вели тој.

Правилата за носење на појаси важат и во град и надвор од него

Според санкциите на МВР, анализата покажа дека се зголемува и бројот на возачи кои не носат безбедносен појас. Од 2 852 во 2021 година, полицијата изрекла скоро дупло санкции во 2023 година, или, вкупно 10 740 за изминатите три години.

Андоновиќ вели дека се забележува зголемено носење на безбедносен појас, но, најчесто надвор од градската средина и поретко на задната клупа.

„Затоа и апелираме, ги потсетуваме и ги информираме секогаш граѓаните, бидејќи владее една фама кај луѓето дека во град не мора да се носат појаси, туку само надвор од населени места. Сите овие законски правила и прописи се однесуваат и во град, и надвор од град“, вели тој.

Ангеловски потсетува дека носењето појас е за нашата безбедност.

„Научно е докажано дека многу полесно може да се помине при евентуална сообраќајна несреќа доколку имаме појас на себе. Затоа, апелирам до граѓаните, пред сѐ заради личната безбедност, да користиме сигурносен појас“, вели тој.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 54 минути

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 3 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 5 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 6 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 6 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 7 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 8 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена