Лекари без граници: Во Газа, децата на возраст од пет години ни велат дека повеќе би сакале да бидат мртви

Лекари-без-граници-Во-Газа-децата-на-возраст-од-пет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шефот на Лекари без граници, Кристофер Локјер, изјави пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека медицинските тимови во Појасот Газа користат нов акроним: WCNSF – Рането дете, без преживеано семејство.

„Децата кои ја преживуваат оваа војна нема да носат само видливи рани од трауматски повреди, туку и невидливи“, изјави генералниот секретар на Лекари без граници, Локјер, пред 15-члената комисија.

„Постојано се раселувани, тие се во постојан страв, а членовите на нивните семејства буквално се распарчуваат пред нивните очи“, рече тој.

„Поради тие психички трауми, децата на возраст од пет години ни велат дека повеќе би сакале да бидат мртви“, рече тој.

Локјир остро ги критикуваше Соединетите држави, велејќи дека е згрозен што тие постојано го користеле правото на вето за да го спречат Советот да бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинските милитанти Хамас во Газа.

„На луѓето во Газа им треба прекин на огнот, не кога тоа е изводливо, туку сега. Ним им треба одржлив прекин на огнот, а не привремено затишје“, рече Локјер. САД ставија вето на три резолуции на Советот за безбедност на ОН досега, а последната во вторникот го блокираше барањето за итен хуманитарен прекин на огнот и наместо тоа се залагаше Советот да повика на привремен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците што ги држеше Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK