Вести Свет

Забрането е името на ,,Пабло Ескобар” да се користи како трговска марка

Пабло Ескобар беше сметан за водач на озлогласениот картел во Меделин и со денеции важеше за еден од наголемите криумчари на кокаин во светот.

Судот на правдата на Европската унија го отфрли барањето за регистрација на името „Пабло Ескобар“ како трговска марка, бидејќи се поврзува со дрога и организиран криминал.

Порториканска компанија поврзана со семејството на Ескобар поднесе барање во септември 2021 година да го регистрира името на озлогласениот колумбиски нарко-бос, како заштитен знак за своите стоки и услуги во ЕУ. Во меѓувреме и Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ одби да ја прифати регистрацијата на брендот, затоа што „За европската јавност тоа е спротивно на вредностите на ЕУ“, се вели во образложението.

ЕУ го одби барањето за регистрација со образложение, дека ознаката е спротивна на јавната политика и ги прифати моралните принципи“, се вели во соопштението на Судот, и се додава дека ЕУ се потпира на гледиштето на шпанската јавност, каде што Ескобар е најпознат.

Според барателите пак, имињата како ,,Бони и Клајд” , ,,Ал Капоне и ,,Че Гевара” веќе се регистрирани како заштитен знак во ЕУ, па следствено и за името „Пабло Ескобар”, кој поради неговите многубројни добри дела за сиромашните во Колумбија, стана митска фигура.

„Фундаменталното право на презумпција на невиност на Пабло Ескобар, не е повредено бидејќи, иако тој никогаш не бил кривично осуден, во Шпанија јавноста го доживува како симбол на организираниот криминал и бројни злосторства“, изјави судот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе