Кси Џинпинг предлага четири принципи за решавање на војната во Украина

Кинескиот претседател Кси Џинпинг предложи четири принципи за да се врати мирот во Украина што е можно поскоро и да се спречи кризата да излезе од контрола.

Според новинската агенција Ксинхуа, кинескиот разговарал за украинската криза со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во официјална посета на Пекинг.

„Прво, треба да дадеме приоритет на одржување на мирот и стабилноста и да се воздржиме од барање себични придобивки. Второ, треба да ја оладиме ситуацијата наместо да долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од понатамошна ескалација на тензиите. Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз глобалната економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалните индустриски и снабдувачки синџири“, ја цитира агенцијата изјавата на кинескиот лидер.

Шолц е во официјална посета на Пекинг од 12 април. Ова е негово второ патување во Кина како канцелар на Сојузна Република Германија. Шолц е придружуван од тројца министри за животна средина, земјоделство и транспорт. Во делегацијата има претставници на водечки германски компании, особено Сименс, БМВ и Мерцедес-Бенц. Посетата се фокусира на билатералните трговски и економски односи.