Home INFO Го украле па го вратиле мобилниот зашто не бил „ајфон“

Го украле па го вратиле мобилниот зашто не бил „ајфон“

реклама:G Natural

Човек во Вашингтон минатиот месец бил жртва на вооружен грабеж во кој крадците му украле сè што имал во џебовите, вклучително и клучевите од автомобилот и паметниот телефон. Добрата вест? Бидејќи телефонот бил „Андроид“, крадците не сакале да го земат.

Како што известуваат американските медиуми, сопругата штотуку завршила со работа во раните утрински часови, па нејзиниот сопруг инсистирал да се најдат пред станот за да ѝ го паркира автомобилот.

Кога го паркирал автомобилот и се враќале во станот, му пришле две маскирани лица кои биле вооружени со пиштоли. Го ограбиле, му зеле сè што имал во џебовите и излегле.

Но, пред да заминат, крадците го погледнале телефонот што го украле и веднаш му го вратиле зашто не бил „ајфон“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------