Хроника билтен

И денес полицискиот билтен преполн: Дрога, оружје, физички напад, еве што работеше полицијата изминатото деноноќие

На 30.03.2024 во 00.00 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Н.Ш.(30) од Кичево, затоа што претходно во семејниот дом физички ги нападнал неговите родители. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

И денес полицискиот билтен преполн: Дрога, оружје, физички напад, еве што работеше полицијата изминатото деноноќие

Денеска (30.03.2024) во СВР Тетово било пријавено дека во периодот од 20.03.2024 до 30.03.2024 во црква „Свети Атанасиј“ во Тетовско Кале непознати лица го скршиле катанецот на влезната врата на црквата, ги скршиле стаклата на прозорците, но не одзеле ништо. Увид извршила увидна екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 18.05 часот, во комплексот „Инекс“ во Охрид, лишен од слобода е А.М.(30) од Охрид, полициски службеник кој извршувал работни задачи како физичко обезбедување во комплексот. При претходно извршен преглед во неговата службена просторија, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една лажица и хартија со остатоци од бела прашкаста материја, како и едно пластично шише со непозната течност. При претрес во неговиот автомобил, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.03.2024 во 23.50 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга, лишен од слобода е Б.В.(21) од струшкото село Велешта. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и една дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.03.2024 година во 22 часот, на паркинг простор пред казино во струшкото село Велешта, лишен од слобода е Д.В.(28) од селото Подмолје, општина Дебрца. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.03.2024 во 00.25 часот, К.Т.(25) од Кичево, во полициска станица пријавил дека, на 28.03.2024 година во 23.45 часот, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.

На 30.03.2024 во 00.00 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Н.Ш.(30) од Кичево, затоа што претходно во семејниот дом физички ги нападнал неговите родители. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (30.03.2024) во 01.30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.С.(23) од с.Групчин-тетовско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.03.2024 во 16.45 часот на ул.„Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од с.Џепчиште-тетовско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.03.2024 во 10.40 часот Ф.К.(50) од Р.Албанија пријавил дека во с.Симница-гостиварско додека изведувал градежни работи, од патничко возило било пукано кон него и неговиот другар, по што возилото го напуштило местото на настанот. Нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 08.40 часот било пријавено дека во с.Беловиште-гостиварско настанал пожар во куќа сопственост на Ќ.Ш.(76). Од пожарот опожарени биле дел од објектот и покуќнината, а со телесни повреди се здобил сопственикот. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица-Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 29.03.2024 во 19.30 часот во СВР Тетово З.И.(45) од Тетово пријавил дека на ул.„Бане Стефановски“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 29.03.2024 во 20.15 часот О.С.(41) од Виница пријавил дека во Виница бил физички нападнат од М.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека Б.З. родител на ученик во училиште на подрачјето на Карпош, како и неговата сопруга, телефонски се заканувале на директорката на училиштето, наставничка и родител на ученичка, а потоа се обидел и да влезе во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 15.36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Автокоманда во Скопје, пред филијала на банка дошло машко лице и, според пријавеното, од ранецот кој го носел со себе извадил пиштол, но по реакција на вработен во објектот, лицето си заминало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 19.00 часот во СВР Куманово, А.С.(19) од Куманово и пријавил дека околу 15.50 часот во Куманово тој и неговиот другар Ф.Ј. биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 22.21 часот во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен Б.Б.(60) од Куманово со тешки телесни повреди, со кои се здобил при извршување на работни задачи во јавно претпријатие во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 29.03.2024 во 22.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.Џ.(40) и Е.М.(30) двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.03.2024 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, во близина на клучка Смилковци, патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(28) од Скопје, удрило во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С.(47) од Гостивар, кои претходно биле запрени поради вршење на контрола. Во незгодата со телесни повреди се здобил Х.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top