Завршија празниците, „паднаа“ цените на производите на пазарот во Штип, за купувачите и денеска скапо

Јаболка, кромид, лук, краставици најмногу привлечни за штипјаните на градскиот пазар во Штип. Производителите имаа што да понудат, но незадоволни се од раздвижонста. Во однос на цените изјавија дека нема некоја разлика во однос на претходниот петок, тука напротив очекувано опаѓање на цените после првомајските и Велигденските празници.

„Мислам дека луѓето некна се потрошиија, и сега слабо излезеа значи нема раздвиженост. Имаат и залиха од некна, затоа. Пониски се патлиџаните паднаа, краставиците паднаа, и тиквата падна. Па зеленчукот кромид, салата, краставица ,тие работи патлиџани. Баш сега за вај период се добри ќе биде.„ – велат продавачите.

За купувачите и денеска пазарот во Штип беше скап, но децидни се дека цените на секој производ се различни, па секој купува согласно своите можности. Овој период од годината најмногу пари се трошат за зелена салата.

„Цените, се малку поскапи од минатио петок едно 10 денара зависи шо зимаш, а има и евтино. Повеќе зеленило.“

„Пазарот како пазар некаде има поевтино некаде поскапо секаде е различно. Па онај петок беше повисоки, овај петок пониски од Велигден останало уште шо треба , цвеќиња излезе да си купам. Кромид, лук, тиквички, витамини се, компир, краставици“

„Некои едноставни работи шо се вика за по дома. Средно, нормално секој пазар си е посебна цена си има. Има избор пари нема тоа е проблемо за наш стандарт, добро сеа зависи кој колку зима пензија и плати. Али добро е , средно“

После првомајските и Велигденските празници, и покрај намалените цени на производите можеше да се забележи дека ја немаше таа вообичаена раздвиженост и покрај широкиот спектар кои производителите го понудија.

Лаура Стојанова М-Нет