Французин го нападна Ембид: Тој нема почит кон Франција, треба да му се забрани влез во државата

Џоел Ембид продолжува да биде во центарот на вниманието на јавноста во Франција. Центарот на Филаделфија изрази голема желба да настапи за француската репрезентација, побара и помош од претседателот Макрон за олеснителни околности во постапката за добивање на државјанство, но на крајот ги „извиси“ Французите и одбра да настапува за САД.

Да биде уште поинтересно, на престојните Летни олимписки игри во Париз тој треба ќе настапи заедно со „дрим-тимот“ на Соединетите американски држави, а поранешниот олимпиец и кошаркарски репрезентативец на Франција, Фредерик Вајс смета дека воопшто не треба да му биде дозволен влез во државата.

„Го мразам поради тоа што го направи. Мислам дека нема почит кон Франција и за луѓето кои бараат француски пасош, а не го добиваат. Тој го доби неговиот поради фактот дека е врвен кошаркар. Мислам дека тоа е скандалозно и срамно. Не ме интересираат изговори бидејќи тоа се негови зборови, а неговите зборови не вредат ништо.

Сега би му го одземал француското државјанство и би му забранил влез во државата. Нема да играш на Олимписките игри. Ќе дојдеш на аеродромот со репрезентацијата на САД и ќе ти кажеме „Немаш право на влез во Франција, оди си дома. Ти си Камерунец, ти си Американец, не си Французин. Заминувај“, изјави Вајс.

Се вчитува...