Лабуристот Садик Кан по трет пат избран за градоначалник на Лондон


Садик Кан и неговата сопруга на гласачкото место

 

Садик Кан, кандидат на Лабуристичката партија, е избран за градоначалник на Лондон, освојувајќи историски трет мандат по драматичен натпревар.

Кан беше прогласен за победник пред кандидатката на конзервативците Сузан Хол во саботата попладне, со 43,8 отсто од гласовите.

Градоначалникот на Лондон беше исвиркан додека го започна својот победнички говор. „Ви благодарам од дното на моето срце, ти благодарам Лондон“, ѝ рече тој на публиката во Градското собрание, а пред да помине низ бината еден хулиган извикувајќи: „Кан го уби Лондон“.

Тој продолжи, истакнувајќи: „Тоа беа тешки неколку месеци. Се соочивме со кампања на нон-стоп негативност“, но продолжи да го фали неговиот тим за водењето кампања која одговори на „стравувањето со факти, омразата со надеж и обидите за поделба со единство“.

Хол, неговиот ривал, се појави со камено лице додека Кан го држеше својот говор и благо одмавна со главата во знак на неодобрување додека Кан ѝ кажа на насобраните дека ќе биде градоначалник за сите жители на Лондон, вклучувајќи ги и оние кои не гласаа за него.

Во саботата наутро, лидерот на лабуристите, Кир Стармер, рече дека е уверен во победата на Кан и ја опиша трката за градоначалник како „ефективно последна станица на патувањето до општите избори“.

Победата во Лондон уследи по напнатата ноќ во петокот, која од лабуристите ја опишаа како „24-часовен вакуум“ затоа што паузата за броењето на градоначалниците на Лондон им овозможи на „возбудените“ активисти на ториевците да ги полнат социјалните мрежи со гласини дека предвидувањата на анкетите се „целосно погрешни“, а Хол претставува многу поголема закана. Тоа наведе некои лабуристи да веруваат во можноста кандидатите да бидат со неколку поени разлика.