ВИДЕО: Миовски веќе има 14 голови за Абердин, Македонецот меѓу најефикасните во шкотската Премиер лига

фото: instagram.com/aberdeenfc

Денеска во рамките од 25 коло во најсилното шкотско првенство составот на Абердин на домашен терен со 3:1 го совлада Мадервел.

После три порази во низа, Абердин им се врати на победите, после 10 триумф сезонава се наоѓа на седмото место со 32 бодови.

После првото полувреме домаќините водеа со голот на Дук кој ја затресе гостинската мрежа во 42 минута.

Сите дилеми околу победникот ги реши македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој двапати стрелаше во 64 и 69 минута за 3:0. Миовски беше прогласен за играч на натпреварот. Единствениот гол Мадервел го реализираше од пенал во 74 минута преку ван Вен.

Нашиот играч веќе има 14 голови сезонава за Абердин и е моментно трет најдобар стрелец во шкотската Премиер лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот