Почина популарниот рапер: Застрелан, па пронајден во хотелска гаража

Раперот Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси, веднаш по настапот кога беше застрелан.

32-годишниот маж бил смртно ранет околу 02:30 часот во саботата додека бил во уличка со пријателите, се вели во соопштението на полицискиот оддел на Метрополитен Нешвил.

Властите додадоа дека на групата и пришле тројца мажи кои се обиделе да ги ограбат кога Кинг и 29-годишниот маж биле застрелани. Групата се распрснала на различни правци, а Кинг подоцна бил пронајден во гаражата на хотелот Хејс Стрит.Раперот Крис Кинг

Тој итно бил пренесен во медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт, каде што починал.

Од него се простија бројни рапери и познати личности, меѓу кои и Џастин Бибер

– ,;Те сакам брат. Ова боли“, напиша Бибер во саботата во објава на Инстаграм.