• Thu. May 16th, 2024

Костадинов: Се реализираат повеќе проекти во населеното место Банско

ByЃ. K.

Apr 30, 2024

По Сачево и Муртино, денеска се асфалтираа 3 улици кои беа приоритетни за граѓаните на Банско, а ќе се бетонираат и неколку џебови.

Во ова населено место се реализираат и други проекти.

Околу 65 проценти од населеното место е веќе покриено со фекална канализациска мрежа, а да може да биде целосно во функција потребна е пречистителна станица за којашто се обезбедени 30 милиони денари од Министерството за животна и останува само спроведувањето на тендерската постапка.

Се решава и проблемот со питката вода, изработен проект за филтер станица во вредност од 43 милиони денари и обезбедни се средства за изградба на станицата, со што инфраструктурно се затвора Банско.

Градоначалникот Костадинов најави и дека ќе биде исполнето ветувањето на местото на стариот и руиниран Дом на културата кој нема услови да биде преадаптиран, ќе се направи голем парк со мултифункционално детско игралиште.

By Ѓ. K.