Денес роденден слави актерката Даница Георгиевска

Даница Георгиевска е родена на 13 април 1967 година. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1989 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 1998 година.

Покрај исполнувањето на театарски и филмски улоги, Георгиевска учествувала во културно-образовни емисии на МРТ, телевизиски реклами, снимање на лектирни изданија за деца со оштетен вид, хуманитарни претстави за деца без родителска грижа, како и документарен филм за поетесата Даница Ручегај од 2017 година. Основач е на поетскиот оддел во домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје.


Театрографија:

  • Рипката — „Гуштерица“ од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ, 1986;
  • Јохана Раер — „Баал“ од Бертолт Брехт, р. Владимир Милчин, МНТ, 1987;
  • Валерија Ганчева — „Женски прилог за ноќта“ од Блаже Миневски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1993;
  • Светле — „Буре барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994;
  • Ана Григоријевна — „Мртви души“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1994;
  • „МКС“ од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1995;
  • Света недела — „Лепа Ангелина“ од Блаже Ристески, р. Владимир Милчин, МНТ, 1995;
  • Ивон — „Кројач за дами“ од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, МНТ, 1996;
  • Жената — „Песочна сложувалка“ од Јана Добрева, р. Зоја Бузалковска, МНТ, 1999;
  • Дарја Шатова — „Демони“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 2001;
  • „Црна дупка“ од Горан Стефановски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2003;
  • „Ревизор“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 2006;
  • Болничарката — „Мара/Сад“ од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
  • Андромаха — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010;
  • Хор — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • Елмира — „Тартиф“ од Жан Батист Молиер, р. Галин Стоев, МНТ, 2016.

Филмографија:


  • Мајка Тереза, р. Драган Велјановски, ТВ-филм, 2000.
  • Победа — „Мултиплеј“, р. Владимир Плавевски, ТВ-филм, 2007.
  • Мајката — Црни и криви, р. Марко Џамбазоски, ТВ-филм, 2018.
  • Жената — Обичниот Ели, р. Лавинија Софрониевска, ТВ-филм, 2022.

Среќен роденден Даница ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …