Поврзете се со нас

Свет

Идна ѕвезда на Барселона дебитираше за Сенегал со „бомба“ од 35 метри (Видео)

Објавено

на

Микаел Фаје е фудбалер кој настапува за вториот тим на Барселона, но вечерва успеа да го најави својот потенцијал со првиот гол во дресот на репрезентацијата на Сенегал.

19-годишниот дефанзивец беше доведен во Барса од хрватска Кустошија, а вечерва постигна спектакуларен погодок од голема далечина.

Сенегал поведе со 2:0 во пријателскиот натпревар со Габон, а Фаје заслужено веднаш стана главна ѕвезда на социјалните мрежи.

Неговата репрезентација до крајот постигна уште еден гол преку Мане за конечни 3:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни