22.8 C
Скопје
16:11 - 2 мај, 2024

Бјанка е подготвена да му роди дете на Канје Вест: „И бремена ќе продолжи со разголени модни изгледи“

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, сака да има дете со раперот, за ова пишува US Sun.

Сепак, бременоста нема да биде пречка за нејзините разголени модни комбинации. Ценсори не планира да се облекува поскромно кога ќе забремени, велат пријателите на ексцентричниот пар.

„Бјанка е во нејзин елемент. Таа сака внимание и ја сака облеката од Је (Канје Вест), и покрај тоа што сите мислат дека тој ѝ ја диктира нејзината облека”, вели изворот.

Инсајдерот додаде дека сопругата на раперот е посветена на својата работа и не се грижи што мислат другите за неа. На Бјанка, според изворот, особено ѝ се допаѓало како се облекувала пејачката Ријана кога била бремена со своето прво дете.

„Не би бил изненаден ако таа наскоро забремени и се уште носи очигледно разголени парчиња облека како Ријана“, изјави пријател на парот.

И покрај тоа што Бјанка и Канје често изгледаат мрачно пред камерите, изворот инсистира дека парот секогаш „се смее и се шегуваат“ еден со друг.

Неодамна беше објавено дека на Бјанка ѝ е смачено да се користи како „бесплатна маркетинг алатка“ за претстојниот албум на нејзиниот сопруг, но очигледно е дека таа ужива во тоа.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....