Кејн: Лесно ја губевме топката

Фудбалерите на Баерн Минхен вчера загубија во дербито на Бундес-лигата на гостувањето кај Баер Леверкузен со 3-0 и полека заостануваат во трката за титулата. \Напаѓачот на Баварците, Хари Кејн, не крие дека е резигниран од слабата игра на неговата екипа.

-Не ја контролиравме добро топката. Мислам дека во првото, па и во второто полувреме добро притискавме но, многу брзо им ја дадовме топката. Тоа му овозможи на Баер да добие импулс“ – вели Англичанецот. „ Сега заостануваме пет бода но, има уште многу натпревари. Сега треба да се фокусираме на Лигата на шампионите а потоа да мислиме на првенството“ – изјави Кејн.

Баер Леверкузен е лидер на табелата со 55 бодови пред Баерн Минехн кој остана на 50-ет.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО