Поврзете се со нас

Свет

Костадинов со асистенција ја најави победата на Пјаст Гливице (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PiastGliwiceSA

Македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадинов имаше конкретен придонес во триумфот на Пјаст Гливице над Варта Познањ во првата лига на Полска.

Домаќините важеа за фаворити пред средбата и тоа го потврдија на теренот со славје од 2-0 во кое нашиот Костадинов забележа асистенција.

Се играше 43 минута кога Тихо испрати топка до Вилчек кој имаше уште подобра реакција и стрелаше за отварање на резултатот. Во финишот на средбата Пјаст постигна уште еден гол за потврда на трите бода, поточно за трет триумф во низа, вкупно осми во натпреварувачката 2023/2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни