Поврзете се со нас

Свет

Далиќ со критики за себичниот Крамариќ: Тоа што го направи беше нерезонски (Видео)

Објавено

на

Андреј Крамариќ го постигна водечкиот гол за Хрватска против Велс, но сите го посочија напаѓачот како главен виновник за ремито против гостинскиот состав од Островот.

„Коцкестите“ не ја оправдаа фаворитската улога и одиграа само 1:1 на стартот на евро-квалификациите, а критики за себичниот Крамариќ имаше и селекторот Златко Далиќ.

При водство од 1:0, Крамариќ реши да шутира нерезонски од далечина наместо да додаде до осамениот Перишиќ, па по забелешките од соиграчот на теренот, критички настроен беше и селекторот.

– Ливаја заработи лош удар во грбот и ќе видиме дали ќе се опорави за следниот меч. Не планирам да повикам нов напаѓач, тука се Муса и Крамариќ.

– Реалноста е дека Крамариќ можеше да има подобар натпревар. Требаше да додаде на играчот кој беше во подобра позиција, а не да шутира нерезонски со левата нога, тоа навистина немаше смисла, – изјавил Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни