Утрински Весник
Македонија

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Skopje 1.webp.webp

Ние од граѓанските иницијативи, независните иницијативи кои учествуваа на локалните избори и еко-здруженијата со досегашното делување стекнавме искуство, но и големо знаење за состојбите и потребите за промени. Неброено пати ги повикувавме институциите за да бидеме заедно на страната на промените, за да се подобрува, унапредува и да се обезбеди квалитетен живот на сите граѓани.

Затоа денес до политичките партии учесници на изборите доставуваме 18 прашања на кои наместо флоскули и демагогија очекуваме конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Само така ќе бидеме убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план!

Скоро 70% од законите се спроведуваат на локално ниво, во нашите општини. На прагот сме на парламентарни избори, а одлуките кои следните парламентарци ќе ги носат, директно ќе влијаат и на политиката на локално ниво.

Ние на овие избори не учествуваме директно, но и ние и останатите граѓани гласаме. И сакаме информирано да гласаме!

Одговорите од партиите ги очекуваме до 2 мај.

Јавно и во целост ќе ги објавиме пред гласањата на 8 мај за да бидат патоказ, но и обврска за периодот кој следи.

Како граѓани, имаме право на одговори за клучните прашања поврзани со:

Загадувањето
Урбанизмот,
Владеењето на правото
Квалитетот на животот
Нашите заложби се јасни: транспарентно, чесно, законито и правично општество за сите, политики кои ги штитат граѓанинот и јавниот интерес, обезбедуваат и стимулираат активно граѓанско вклучување и обезбедуваат здрава животна средина и подеднакви квалитетни услуги за сите граѓани низ државата.

Во исчекување сме да ги чуеме конкретните одговори од учесниците на изборите. Од нивниот одговор зависи и нашиот одговор на гласањето.

Граѓанска иницијатива Шанса за Центар – Скопје

O2 Иницијатива

Граѓанска иницијатива Зелен хуман град – Скопје

Граѓанска иницијатива Зелените од Гази Баба – Скопје

Граѓанска иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош- Скопје 

Граѓанска иницијатива Заедно за промена – Скопје

Граѓанска иницијатива Стига е – Струмица, Босилово, Ново Село 

Граѓанска иницијатива За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода – Скопје 

Граѓанската иницијатива Грин.Орг – Кочани 

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?