Пуштени во продажба влезниците за мечот Еурофарм Пелистер – ПСЖ

Ракометна Битола се подготвува за уште еден спектакл. По големото дерби со Вардар што го доби Еурофарм Пелистер, во Битола доаѓа шампионот на Франција, ПСЖ, предводен од Никола Карабатиќ и поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез.

Од Еурофарм Пелистер информираат дека веќе се пуштени во продажба билетите за натпреварот со францускиот тим и се очекува за краток период салата „Боро Чурлевски“ да биде распродадена.

Поединечните билети се по цена од 450 денари (странични места на трибините) и 550 денари (централни места на трибините.

Од Еурофарм Пелистер истакнуваат дека сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – ПСЖ ќе се одигра на 14 февруари, со почеток од 18:45 часот

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО