Стојанче Ангелов до Али Ахмети: Крени рачна со време!

213

Ахмети, кревај рачна кочница со време, му порача претседателот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ,  одржа главен митинг на плоштад „Македонија“ во Скопје,  од каде  лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати посебна порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски , порачувајќи му дека е млад и неискусен и дека треба да повнимава на тоа што го говори.

“На митингот на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК….“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК…“Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме. Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицковски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“. Зад него стои и убедливо мнозинство од македонскиот народ но и убедливо мнозинство од нас, македонските бранители од 2001-та! Истите оние Бранители кои во воената 2001 ве поразија во сите битки на бојното поле, истите оние Бранители од кои ве спасуваа странците додека вие мавтавте со бели знамиња во Арачиново. Затоа со време кревајте рачна кочница. Бидејки, како што секојдневно укажува токму Мицкоски, се ближи времето за одговорност за сето она што ДУИ и го направи на Македонија, почнувајќи од 2001-та па се до денес“, порача Ангелов.

На својот ФБ профил се огласи и Мицкоски – Откако вчера ја повикав албанската опозиција на обединување против власта, уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку и добро ме засмејуваат, напиша Мицкоски, кој додаде дека заканите доаѓаат од човек пред политичка пензија, помалку и заборавен, но сепак со добро грло, кое го вежба пеејќи по државни институции, и партиски прослави. „Важен му бил на Али мојот оброк од детството, хммм…, чудно, па се обидува заканите преку вицови да ги испрати. Ќе му одговорам! Мојот оброк Али во детството го печалеа моите родители со многу љубов и жртва да ме израснат и воспитаат во личност која ќе почитува и ќе се бори за својата Македонија. Но што е важно? Важно е Али да дадеш одговор со што ги хранеше твоите, па денес голобради момчиња печалат милиони, ја купуваат Соравија, или пак како го спечали тој дворец во Зајас кој е како на некој блискоисточен шеик, а не политичар од сиромашната Македонија“, напиша Мицкоски на фејсбук.

-Доаѓа времето за одговори на многу прашања. Ова не е 2001 година, туку 2024 година, 23 години потоа, а ДУИ го претвори во криминална организација од која страдаат и Албанците и Македонците. Многу брзо од денес и бисквитите и млекото ќе ти преседнат…“, се вели во објавата на Мицкоски.