Белорусија почна да ја проверува подготвеноста на вооружените сили за распоредување нуклеарно оружје

Белорусија почна да ја проверува подготвеноста на вооружените сили за распоредување нуклеарно оружје

пред 2 недели

Белорусија почна да ја проверува подготвеноста на своите вооружени сили за распоредување на тактичко нуклеарно оружје паралелно со подготовките за нуклеарна вежба што ја спроведува Русија, објавија белоруските државни медиуми.

Државната новинска агенција Белта го цитираше белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин дека претседателот Александар Лукашенко наредил ненајавена инспекција на силите одговорни за овој тип на оружје, пренесува Ројтерс.

„За време на инспекцијата ќе биде проверен целиот опсег на активности од планирање, подготовка и употреба на тактичко нуклеарно оружје“, рече Кренин, додавајќи дека проверките ја вклучуваат ракетната дивизија „Искандер“ и ескадрилата на авионите СУ-25.

Текстот Белорусија почна да ја проверува подготвеноста на вооружените сили за распоредување нуклеарно оружје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top