Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе силни имиња од други клубови. Еден од споменатите во шпанските медиуми е и Лерој Сане. Барселона веќе стапила во контакт со Баерн за да дознае какви барања би имал германскиот клуб од нивниот 28-годишен крилен напаѓач.
Сане е под договор со Баерн и за следната сезона, а Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити. Во англискиот клуб освои две првенствени титули и осум трофеи, а откако беше во Баерн беше трикратен германски шампион и освојувач на седум титули со најсилниот германски клуб.