Гостивар
Мотоциклистите да се држат до сообраќајните правила, апелира полицијата
Со затоплувањето на времето, во реонот на Тетово и Гостивар, во сообраќајот значително е зголемено присуството на мотоциклисти, главно во доцните попладневни и во вечерните часови.
Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до мотоциклистите задолжително да поседуваат соодветна возачка дозвола, поточно посебна категорија М или категорија А, навреме да ги регистрираат своите мотоцикли или доколку се работи за помали видови на мотоцикли, да ја продолжат полисата за осигурување и да користат заштитна опрема како облека за мотоцикли и заштитни шлемови. Исто така, се предупредуваат мотоциклистите да ја прилагодат брзината на движење според условите и ограничувањата на патот и да не возат паралелно еден со друг, туку еден зад друг. Дополнително, да не носат повеќе лица на мотоциклот отколку што е дозволено и да не се движат без соодветна заштитна опрема.
Секторот за внатрешни работи Тетово нагласува дека во текот на изминатиот месец и овој месец ги зајакна контролните активности во поширокиот реон на Тетово и Гостивар, каде посебен акцент, меѓу другото, е ставен и на мотоциклистите, за кои секојдневно се подготвуваат адекватни поднесоци, кои што најмногу се однесуваат на некористење заштитна опрема, напоменувајќи дека паричната казна за ваков вид прекршок изнесува 50 евра во денарска противвредност.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница