Божиновски: Ајде Стево спремај документи за странство!

Ајде Стево спремај документи за странство!, му порача Божидар Божиновски на кандидатот на СДСМ Пендаровски.

Писателот, кој се најде на листата на ЗНАМ во ИЕ5 за престојните парламентарни избори, алудира на фамозната изјава на Пендаровски, кој рече дека да не бил претседател и самиот би заминал од Македонија.

Во тек е броењето на гласовите од првиот избирачки круг, а Пендаровски засега заостанува над 120.000 гласови зад кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.