Мурињо набрзо се враќа на работа, можно е да биде тренер надвор од Европа

Жозе Мурињо веќе неколку месеци е без работа, откако доби отказ од тимот на Рома. Веднаш по заминувањето од Римската волчица, искусниот португалски стратег го поврзуваа со неколку клубови, но тој остана „мирен“ и едноставно чека сезоната да заврши.

Како се ближи крајот на сезоната, јасно е дека Мурињо во скоро време треба да најде нов предизвик за следната сезона, а според последните најави, можно е патот да го одведе дури во Саудиска Арабија.

„Не сакам да одмарам, сакам да работам. Единствено што не сакам е да погрешам во изборот. Затоа морам да ја чекам вистинската понуда, онаа што ќе ме мотивира. Доколку вистинската понуда стигне утре, веднаш ќе ја прифатам“, неодамна рече Мурињо.

Поранешниот тренер на Порто, Челзи, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем и Рома, сега се најавува како нов предводник на тимот на Ал Шабаб. Ова е клуб кој е во сенка на Ал-Итихад, Ал-Ахли, Ал-Наср и Ал-Хилал, но токму со евентуалното доаѓање на Мурињо за тренер, ситуацијата може да тргне во вистинска насока.

„Ништо уште не е завршено, но Мурињо е прв избор на Ал Шабаб“, тврди новинарот Бен Јакобс.

- Оглас -

Најнови вести