Најмалку 63 лица се уапсени за време на протестите против предлог-законот за „странски агенти“ во Тбилиси, а шест полицајци се повредени во судирите, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи.

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби за да ги растераат демонстрантите пред парламентот во текот на ноќта.

Законот за „странски агенти“ беше осуден од опозицијата и од западните влади како автократски, а тој бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своите средства од странство да бидат регистрирани како агенти зависни од странско влијание.