Бизнис
ХРВАТСКА ГО ЗГОЛЕМУВА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ПОВРАТ НА АМБАЛАЖАТА
28.11.2024
Владата на Хрватска донесе Одлука за зголемување на надоместокот за управување со отпадот и повратниот недомест за амбалажата за пијалоци на 0,10 евра, а која моментално изнесува 0,07 евра.
Донесувањето на оваа Одлука е услов за пристапување на ОЕЦД во делот на управување со амбалажата, пластичните производи за еднократна употреба и за риболовниот прибор кој содржи пластика.
Здруженијата за заштита на околината бараат зголемување на повратот на надоместот на најмалку 15 центи, како што е во Словачка, која е најблиску до приликите во Хрватска. Во Германија оваа сума изнесува 50 центи во зависност од видот на амбалажата.
Од хрватската влада овие предлози беа отфрлени со образложение дека тоа дополнително ќе ја зголеми цената на пијалоците во трговијата, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic