Шпанија
Валверде конечно го прекина молкот и откри зошто одбил да шутира пенал против Сити
Реал Мадрид го елиминираше Манчестер Сити на пенали и се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите, а сосема интересна и необична беше петорката на Анчелоти која ги изведуваше најстрогите казни.
Италијанецот избра двајца стопери да ја решаваат судбината за пласман меѓу четирите најдобри, но откако тоа испадна како добитен план, беше откриено дека двајца фудбалери самите побарале да не бидат меѓу изведувачите.
Покрај Едер Милитао, тоа го побарал и Феде Валверде, а Уругваецот сега се огласи речиси две седмици подоцна и призна дека никогаш претходно не направил нешто слично.
– Никогаш во мојот животот немав направено нешто слично и никогаш претходно немав завршено еден меч толку изморен. Го зборував ова со моето семејство. Тоа што ја немавме топката во своите нозе и што се браневме речиси цело време, направи да бидам екстремно изморен. Благодарение на Бог, на крајот успеавме да победиме и да се радуваме.
– За време на пеналите ми беше многу тешко, навистина страдав. Никогаш немав играно толку важен елиминациски меч на пенали и победата беше многу слатка. Решив да не изведувам пенал поради замор, сметам дека во такви клучни ситуации пресудна е главата. Ако некој не се чувствува добро и не е подготвен, нема да биде полош играч ако ја каже вистината. Во такви моменти треба да се тргне настрана егото и таа фудбалска гордост. Ако не сте подготвени во таков момент, му ја препуштате топката на друг соиграч, – вели Валверде.
-
Репрезентацијапред 21 час
Пешевски за пораката од Стоилов пред последниот гол на Македонија: „Покажи им кој е…“
-
Репрезентацијапред 13 часа
Митев: Горд сум што сум Македонец, вакво нешто не се случило
-
Репрезентацијапред 23 часа
Лазаров: Ова е еден од најкомплетните натпревари на македонската репрезентација
-
Францијапред 22 часа
Ултрасите на ПСЖ подготвија специјален поздрав за разделбата со Мбапе (Видео)
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ нема дилеми: Тој беше наш најдобар играч, се правеше!
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ за неочекуваниот пораз во Рим: Како да играше друг тенисер
-
Репрезентацијапред 23 часа
Кузмановски: Тешко се опишува што чувствувам по ваква победа на Македонија
-
Репрезентацијапред 13 часа
Митревски: Моравме да се коцкаме, но успеавме да дојдеме до целта