Македонија

Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност за францускиот предлог

На 3 јули 2022 година (недела) со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност.

„На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Фото и видео инсерти од седницата на советот ќе бидат дистрибуирани од страна на прес службата на Кабинетот на претседателот.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следи изјава на претседателот Стево Пендаровски, велат од Кабинетот.

На почеток