ПСЖ славеше со Лориен, па сега чека кикс на Монако за уште вечерва да слави титула во Лига 1 (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен славеше на гостувањето кај Лориен со 1-4 во заостанатиот натпревар од 29. коло во француската Лига 1 и сега само чудо го дели од нова титула во домашниот шампионат.

Доколку Монако вечерва не слави на домашен терен против Лил, ПСЖ и математички ќе ја одбрани титулата во Франција. Водство за „светците“ од 0-1 донесе Дембеле во 19. минута од натпреварот. На 0-2 зголеми Килијан Мбапе три минути подоцна. Усман Дембеле со својот втор погодок во 60. минута зголеми на 0-3. На 1-3 намали Бамба во 73. минута, додека конечните 1-4 ги постави Мбапе во 90. минута.

 

Lorient 0 – [3] PSG – Ousmane Dembélé 60′ (Great Mbappé Skill)
byu/Dahleb insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...