Свет нема информации за загинати

ВИДЕО: Врисоци, бегање по улици, урната зграда во изградба во силниот земјотрес во Мјанмар

Потресите беа почувствувани и во Бангкок, каде стотици луѓе излегоа на улиците.

ВИДЕО: Врисоци, бегање по улици, урната зграда во изградба во силниот земјотрес во Мјанмар

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), додавајќи дека набрзо следел уште еден силен потрес од 6,4 степени според Рихтер.

Британските медиуми јавија дека епицентарот на потресот бил во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри, а се случил утринава во 6 часот и 20 минути.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви.

Потресите беа почувствувани и во Бангкок, каде стотици луѓе излегоа на улиците.

Зградите се треселе, поради што многу луѓе биле евакуирани од нив, а една зграда во изградба била целосно урната. Медиумите објавија дека 43 работници се заробени под урнатините и нивната судбина не е позната.

Бангкок има 17 милиони жители, од кои многу живеат во високи згради.

To top