Арсовска до Костадиновска Стојчевска: Заканите за тужба нема да поминат!

53

Скопската градоначалничка обвини дека на денешната прес-конференција министерката за култура не ги прочитала сите членови од заедничкиот договор меѓу Министерството и Градот Скопје, што, како што рече, ако го направеше, јавноста ќе беше запознаена дека Министерството е должно да извести за секоја активност која е поврзана со реконструкцијата на Универзална сала, која е во сопственост на Град Скопје.

Заканите за тужба нема да поминат – порача на денешната прес-конференција скопската градоначалничка Данела Арсовска по најавата на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска дека ќе ја тужи поради нејзините обвинувања оти министерката знаела за пожарот во Универзалната сала и не го пријавила.