Breaking News

Конференција „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“


 Конференција „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институот за комуникациски студии (ИКС).


Како што најави ИКС, на конференцијата, домашни и странски говорници ќе зборуваат за нивните специфични аспекти и искуства и ќе понудат нови перспективи и приоди за комуникацијата за животната средина.


 – Во време на растечка еколошка криза, граѓанските организации и инцијативи, академскиот сектор, бизнисите и јавните институции треба сè повеќе да преземаат одговорност за своите постапки и да комуницираат за животната средина.

Комуникацијата за животната средина помага да се влијае врз јавното мислење, промена на однесувањето, застапување за политики и донесување закони.


Таа овозможува граѓаните да ги разберат еколошките проблеми и загриженоста за животната средина и климатските промени, како и да се вклучат во зачувувањето на природните ресурси, информира ИКС.

 Конференцијата е во рамки на проектот „Популаризирање на комуникацијата за животната средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност“, што ИКС го спроведува во партнерство со универзитетите во Загреб, Нови Сад, Сараево и Тирана, а е финансиран од програмата ЕРАЗМУС+.


ар/лв/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА