Поврзете се со нас

Германија

Тренерска вртелешка во Минхен: Баерн донел конечна одлука за наследникот на Тухел, преговорите се во тек!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен пред една година го отпушти Јулијан Нагелсман во доста необични услови и во ситуација кога тимот беше во игра за трите титули, а назначувањето на Томас Тухел не донесе воопшто добри вести на крајот од сезоната.

Баерн со многу среќа ја освои титулата во домашното првенство во последното коло и доживеа елиминации во Лигата на шампионите и Купот, но лошиот тек на настаните и во наредните неколку месеци го натераа клубот да најави разделба со Тухел по крајот на оваа сезона.

Баварскиот великан е во потрага на идеален кандидат веќе некое време и остана без првата опција Чаби Алонсо, а последните информации од Германија се се погласни и велат дека клубот сериозно ја активирал втората опција – Јулијан Нагелсман.

Актуелниот германски селектор беше отпуштен на доста брутален начин од Брацо Салихамиџиќ и Оливер Кан во март минатата година, но германски „Скај“ тврди дека првите контакти на Баерн со неговите претставници се позитивни, особено поради тоа што се смени цела директорска гарнитура во клубот.

Угледниот медиум информира дека Нагелсман сега е примарна цел и клубот доставил официјална понуда според која на тренерот му се нуди долг проект од три или четири години, па се верува дека двете страни многу брзо ќе стигнат до целосен договор.

Нагелсман истовремено има понуда и од германската Федерација за продолжување на договорот, но самиот тој во неколку наврати нагласи дека е премлад за долг селекторски проект, па се поверојатно е дека ќе се врати на местото кое го загуби токму од Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни